Насловна / Архитектура / Денес првата муслиманска молитва во Аја Софија

Денес првата муслиманска молитва во Аја Софија

Денес би требало по 86. години да се одржи првата муслиманска молитва во византијската црква Аја Софија во Истанбул, пред 500-тини верници. Најавено е дека ќе присуствува и претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган, пренесува АП.

Министерот за верски работи на Турција, Али Ербас објави дека се именувани три имами кои ќе ја предводат молитвата и тоа Мехмет Бојнукалина, професор по исламско право на истанбулскиот универзитет Мармара, Ферух Мустуер и Бунјамин Топчуоглу, кои се имами во други две истанбулски џамии. Ербас за Аја Софија именувал и пет мујазини, особи кои од врвот на минарето повикуваат на молитва.

ај_resize

Како што се наведува, властите надвор од Аја Софија означиле места каде на денешната молитва ќе стојат мажи, каде жени, а како што е најавено 17 илјади припадници на обезбедување ќе бидат на должност, а блокирани се и неколку улици кон објектот.

Испрати коментар

Scroll To Top