Насловна / Вести / Турција: Започна изградбата нa фабрика за производство на првиот електричен автомобил од домашно производство

Турција: Започна изградбата нa фабрика за производство на првиот електричен автомобил од домашно производство

Во Бурса свечено е означен почетокот на изградбата на новата фабрика која ќе го произведува првиот електричен турски автомобил. Се очекува фабриката да биде готова за 18 месеци, а првиот автомобил да биде произведен во последниот квартал на 2022 година. Турскиот министер за индустрија и технологија, Мустафа Варанк, истакнал дека првиот електричен турски автомобил ќе биде паметен и еколошки прифатлив, а ќе биде произведен во фабрика која ги исполнува најстрогите еколошки стандарди.

togg3

togg4

togg5

Турција веќе го претстави прототипот на својот прв електричен автомобил од домашно производство. На проектот за развој на новиот автомобил  (TOGG), работеле повеќе турски компании, меѓу кои и Turkcell. Тоа ќе биде модел од категоријата SUV. Планот е да се произведуваат пет различни модели до 2030, со годишно производство од 175.000 примероци. Во првата фаза, фабриката ќе вработува околу 5.000 работници, додека во периодот на полн капацитет се очекува да овозможи околу 20.000 работни места.

togg1

togg2

Испрати коментар

Scroll To Top