Насловна / Вести / Фрајбург – еден од најодржливите градови во Германија и Европа

Фрајбург – еден од најодржливите градови во Германија и Европа

Германскиот град Фрајбург, прославува 900 години од своето постоење. Настанал како трговска населба во 1120 година на тромеѓето помеѓу Швајцарија, Франција и Германија. Тој е четврт по големина град во сојузната држава Баден Виртемберг. Иако поприлично стар, сепак младоста е на негова страна. Имено, околу 10% од вкупно 220.000 жители на градот се студенти на престижниот Универзитет “Алберт Лудвиг“, што допринесува овој град да има најмладо население во Германија. Но, она што е уште поинтересно е дека станува збор за еден од најодржливите градови не само во Германија, туку и во Европа. Во 1994 година изградена е првата енергетски одржлива куќа, а во 2002 година градот ја освоил наградата Dubai Best International Practices за одржлив развој. Во 2010 година,  освоил награда за своите напори за заштита на животната средина, а во 2012 е прогласен за најодржлив град во Германија. Во 2017 година, новиот објект на градската управа, стана првата јавна зграда на светот која произведува вишок на енергија.

freiburg1

freiburg4

 

Минатата година, Фрајбург поканил околу 25.000 службеници и урбанисти од целиот свет да учат за овие проекти. Најголемиот дел од населението во градот не поседува автомобил. Имено, во Фрајбург речиси сите користат велосипеди кои можат да се возат буквално насекаде, бидеќи градот има 400 километри велосипедски патеки. Овој концепт има своја историја која датира од периодот веднаш после војната. Додека другите германски градови се фокусирале на обнова во модерни градови со фокус на автомобилите, планерите во Фрајбург имале сосема поинаков пристап – трамваи, велосипедски патеки и зони за пешаци. На пазарите во Фрајбург најчесто се нудат органски производи, а градот е домаќин и на првиот фудбалски стадион на соларен погон. На секој чекор има контејнери за селектирање на отпадот, а многу простори кои обично би се користеле како паркинзи се детски игралишта.
DP7TGB Freiburg im Breisgau, autofreie Siedlung Vauban, Carfree District Vauban
freiburg6

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top