Насловна / Вести / Енергетика „Љубљана“ користи отпадна топлина од фабриката „Лек“

Енергетика „Љубљана“ користи отпадна топлина од фабриката „Лек“

Главниот град на Словенија доби корисен проект одобласта на кружната економија. Енергетика „Љубљана“ ја превзема отпадната топлина од погоните на фармацевстката компанија „Лек“, и го користи во својот систем за далечинско греење. Преку топлификацискиот систем, оваа отадна топлина супституира дел од горивото (природен гас) потребно за подготовка на топла вода за греење, но и санитарна топла вода. Овој проект со „Лек“ дел од групата Novartis, е започнат во средината на март и пробната работа се покажала  успешна. Идејата е предложена во 2018 година од страна на „Лек“, а во септември минатата година, по извршените анализи, потпишан е договор.

Отпадната топлина доаѓа од погоните за изработка на цврсти и стерилни производи. Енергетика „Љубљана“ произведува топлинска и електрична енергија од постројки за когенерација со висока ефикасност. Минатата година, во соработка со Resalta, компанијата започна проект за паметни системи за далечинско греење.

lek1

lek2

TOPLARNA ARHITEKTURA NARAVA DREVESA BLOK STAVBA HISA STANOVANJSKI OBJEKTI

Испрати коментар

Scroll To Top