Во близина на Митровица се гради ветерниот парк „Бајгора“ со инсталирана моќност од 105MW. Според планот, тој треба да биде готов до април 2021 година. Проектот го финансираат ЕБОР и словенечната НЛБ банка, а турбините ги испорачува компанијата General Electric. Станува збор за вкупно 27 турбини GE 2.8-137. Овој проект го развива компанијата SoWi Kosovo, a вкупната вредност на инвестицијата е 165 милиони евра. Проектот е прогласен за стратешка инвестиција на Косово. Намалувањето на емисиите на јаглерод диоксид како резултат на инвестицијата е проценето на 247.000 тони годишно. Животниот век на постројката е 25 години. Владата има за цел да го зголеми уделот на капацитетите за производство на електрична енергија од ветер на 25%, а во моментот овој проект овозможува удел од 10% во енергетскиот микс. Во исто време, во изградба е и ветерниот парк „Будаково“ со инсталирана моќност од 46 MW. Овој проект го развива компанијата Bondcom Energy Point.