Пандемијата го редефинира урбаниот простор онаков како што го знаеме и го користиме. Потребата да се олесни движењето, пред се за пешаците и велосипедистите, и да се овозможи безбеден престој на јавни места, стануваат најважните елементи во урбаниот живот кои засекогаш би можеле да го променат изгледот на нашите градови.
Бидејќи градовите ширум светот полека почнаа да се обновуваат и повторно да се отвораат по првиот бран на пандемијата COVID-19, важноста и употребата на отворените јавни места стана најважниот предмет на јавна дебата. Пандемијата ја редефинира нашата врска со јавните места на многу начини, комплицирајќи ги едноставните и секојдневните навики досега, како што се возење со јавен превоз, одење во парк или дружење со пријателите во кафулиња и ресторани.
Иако граѓаните брзо се вратија на своите секојдневни навики откако излегоа од неколку месечниот карантин, сепак зголемувањето на бројот на заразени и можноста за „уште полош“ втор бран не предупредуваат за потребата од повнимателно однесување и прилагодување кон „новата нормала“ во секојдневниот живот. Едно е јасно: градовите по карантините треба да најдат нови начини на социјална интеракција. Комплетен редизајн и реновирање на јавните места бара сеопфатно планирање и големи инвестиции, но веќе е докажано дека се можни и разни краткорочни решенија, кои, со помалку финансиски средства, му овозможуваат на градското население да остане безбедно на отворено.
Бројни европски и светски градови почнаа да се подготвуваат да излезат од карантинот дури и во најлошиот период на првиот бран на инфекција со коронавирус. Во отсуство на знаење и истражување, социјалното растојание се покажа како најважната алатка во борбата против ширењето на инфекцијата, поради што голем број градови, почнаа со спроведување на мерки за ограничување или забрана за сообраќај со автомобили и пренамена на сообраќајните ленти во велосипедски или пешачки. Исто така, со постепено олеснување на мерките за ограничување на движењето и отворањето на угостителските објекти, во некои градови сопствениците на ресторани и барови добија дозвола за проширување на терасите на улиците каде што претходно беше забранет сообраќајот на автомобили.
Во јавниот превоз, особено во метрото, бројот на патници е ограничен и се прават напори да се обезбеди доволно простор во секое возило за да се одржи потребното растојание. Во некои градови, „безбеден простор“ е обележан на подовите на возилата за визуелно да се потенцира растојанието на кое патниците треба да се придржуваат.
Со цел да се олесни движењето и да останат на отворено, неколку градови низ целиот свет развија вистински креативни и иновативни решенија кои им овозможија на своите граѓани да останат безбедни, додека се придржуваат кон мерките за социјално дистанцирање.
Тревниците на њујоршкиот Домино парк, сместен во населбата Вилијамсбург, Бруклин, се насликани со големи бели кругови за визуелно да ја означат потребната оддалеченост меѓу посетителите на парковите. Околу 30 симетрично распоредени кругови се обележани на тревникот, секој со дијаметар од 2,4 метри.
Некои дизајнери почнаа со дизајнирање и создавање „помагала“ кои овозможуваат создавање на безбеден простор. На пример, лондонскиот дизајнер Пол Коксеџџ создаде специјално пикник-ќебе „Тука доаѓа сонцето“ кое помага да го обележите вашиот сопствен простор на безбедно растојание од другите посетители на паркот.
Уште поиновативен пример е уметничката галерија Centrum Sttuki Galeria EL во полскиот град Елблуг, кој го постави тревникот во форма на зелена шаховска табла. Делови од тревникот не се косени и служат како елементи за раздвојување меѓу различни групи посетители, со што се разубавува просторот и се придонесува за зачувување на биолошката разновидност. Имено, нескриените делови од тревникот ја задржуваат влагата и обезбедуваат безбеден простор за разни инсекти.
Нов концепт инспириран од детско игралиште за деца, е создаден од берлиското дуо Мартин Биндер и Клаудио Римеле, поттикнат од нов креативен предизвик за тековната здравствена криза. RimBin е игралиште каде децата можат да играат, зборуваат и да се забавуваат заедно без ризик од инфекција со коронавирус.
Пред вакцината против СОВИД-19 да се развие и стане достапна ширум светот, ќе мора да ги промениме начините на движење, престој и социјализација на јавни места. Дотогаш, овие и слични привремени решенија можат да ни овозможат да останеме безбедно на отворено и да уживаме во градското зеленило.