Насловна / Вести / „Дигиталниот близнак“ на багерот

„Дигиталниот близнак“ на багерот

Современите технологии стануваат се поприсутни во градежништвото преку појавата на т.н „паметни градилишта“.  Во моментот се работи на т.н “дигитален близнак“ на багерот кој би можел да направи трансформација на целата индустрија, бидејќи градилиштата ќе можат да бидат дигитално поврзани и со нив ќе може многу подобро да се управува. На овој проект се работи на Институтите за градежништво и  архитектура на  University of New South Wales (UNSW) во Австралија. Станува збор за дигитална „копија“ на оваа градежна машина која го користи Интернетот на нештата  (IOT – Internet of Things) односно овозможува двонасочна комуникација.  Со тоа се овозможува управување со машината на далечина, што е особено важно во условите во кои денес функционира светот. Идејата е да се создадат дигитални копии за физичките објекти во светот, со дигитална реплика сочувана во cloud технологијата, каде се собрани податоците за карактеристиките на физичкиот објект во реално време.

exc1

exc2

Багерот ќе се контролира со помош на апликација за паметни телефони, што е поедноставно од било која друга претходна технологија поврзана за дигитализацијата. Се планира во иднина сите активности во рамките на градежниот проект да бидат поврзани на овој начин.  Веќе постојат различни видови на сензори, дронови и други алатки што ќе помогнат во развивањето на овој концепт.

exc3

exc4

 

Испрати коментар

Scroll To Top