Насловна / Вести / Поради опасност од коронавирус во Шпанија се усмртуваат 92.700 видри

Поради опасност од коронавирус во Шпанија се усмртуваат 92.700 видри

Здравствените власти во Шпанија наложиле да се усмртат сите 92.700 видри (нерц) од фармата на истокот на земјата како би се спречило ширење на коронавирусот.

Претходно е утврдено дека поголем дел од животните на фармата во село во регионот Арагон, оддалечено 200 километри од Мадрид, се заразени со коронавирусот.

вид1

Фармата била под здравствен надзоро, бидејќи сопругата на еден работник била позитивна на Ковид-19 во мај, а сега се инфицирани уште седум работници, пренесува Ројтерс.

Властите прво наложиле изолација на животните, но по неколку недели и неколку рунди тестирања, одлучиле да ги усмртат видрите кои се одгледуваат поради скапоцено крзно.

vidri_resize

Тестовите од 13. јули покажале дека 87 отсто од видрите се заразени и властите одлучиле да ги усмртат сите  92.700 видри.

Властите соопштиле дека на компанијата која раководи со фармата ќе и биде доделена финасиска надокнада.

Испрати коментар

Scroll To Top