Насловна / Арт и дизајн / Од денес филмови со Чарли Чаплин под отворено небо во Кинотека

Од денес филмови со Чарли Чаплин под отворено небо во Кинотека

Од денес во Кинотека почнува циклус на прикажување филмови на Чарли Чаплин во летното кино под отворено небо, кој ќе трае до 27 јули.

Публиката ќе има можност да погледне 10 наслови, кои го опфаќаат творештвото на Чаплин од неговите почетоци па сè до последните дела.

Денес, со почеток од 21 часот ќе се прикажуваат „Циркусот“ и „Ходочасник“, а во сабота, пак, ќе се прикажува „Светлините на велеградот“.

Carli1

Потоа, во понеделник (20 јули), ќе се прикажува „Големиот диктатор“, во вторник (21 јули) „Господин Верду“, во среда (22 јули) „Крал во Њујорк“ и во четврток (23 јули) „Светлините на сцената“.

За наредниот викенд, односно петок (24 јули) се закажани проекциите на „Детето“, во сабота (25 јули) „Модерни времиња“ и последниот настан е на 27 јули со прикажувањето на „Златна грозница“.

Со безмалку 90 улоги на филм и 72 кредити како режисер, Чаплин е од оние автори кои компримираат вистински филмски универзум сам за себе: бил и сценарист, монтажер, продуцент, а повремено и компонирал или бирал музика за неговите филмови.

Carli

„Чарлс Спенсер Чаплин (Charles Spencer Chaplin), или едноставно Чарли Чаплин (Лондон, 15 април 1889 –Корсие-сур-Вевеј, 25 декември 1977), не само што е класик во светската кинематографија, туку со него и започнува тој период што ние денес го нарекуваме класика. И, како во случајот со сите класични филмски ликови, сè започнало едноставно: насмеј ја публиката, освој ги нивните срца, и биди на нивна страна, макар што заради тоа ќе ти замериестаблишментот, па и со децении ќе ти забрани влез во земјата (САД) каде што направил една од најголемите кариери во филмската индустрија“, стои во најавата на Кинотека.

Испрати коментар

Scroll To Top