Дизајнот на новата екстензија на музејот Nairac во Barneveld, Холаднија, е креиран од холандското биро Van Hoogevest Architecten. Програмски во нејзе се сместени влезната партија, музјеската продавница, мултинаменски простор како и галериски простор за привремени изложби кој се наоѓа на приземјето. На првиот кат се сместени канцеларии, додкеа во подземното ниво се работилниците. Вкупната површина на објектот е 1.161 m2.
Новата екстензија е направена од транслуцентна ѕидарија и стаклена фасада со цел да се создаде транспарентно поврзување на монументалниот објект и новата градба. Освен материјалите за одржливост се вметнати и енергетски ефикасни инсталации. Еден таков пример е системот за чување на топлинска енергија (Aquifer Thermal Energy Storage), кој служи за складирање на топлина или студ, која подоцна ќе се употреби во подземното ниво. Кровот е покриен со седум, а осветлувањето е направено со LED елементи. Очигледно е дека oпштината на Barneveld се стреми кон постигнување на долгорочна заштеда на енергија.