Насловна / Екологија / 158 држави во акцијата „Час за планетата Земја“

158 држави во акцијата „Час за планетата Земја“

eh-2014-stamp-with-background
Оваа година во акцијата „Час за планетата Земја“, која се одржа на 29 март, учествувале рекорден број држави, и дури 7.000 градови. Со оваа акција се искажува поддршка на еколошкото движење од страна на поединци, компании, влади и заедници, на тој начин што во периодот од 20.30 до 21.30 часот се исклучува осветлувањето. Централниот настан е организиран во Сингапур.

За прв пат оваа година осветлувањето го исклучија храмот Карнак во Луксор, и Сината џамија во Истанбул. „Час за планетата Земја“ како глобална еколошка иницијатива се организира во партнерство со Светската организација за заштита на природата (WWF). Акцијата почнала да се организира во 2007 година, и успева за кратко време да влезе во историјата како најголема досега организирана волонтерска акција.

Испрати коментар

Scroll To Top