Активистите за заштита на диви животни, направија први фотографии на ретки Крос Ривер горили на планинината Мбе на југот на Нигерија.
Благодарение на напорите на активистите за заштита на дивите животни, направени се фотографии кои се доказ дека овој подвид не изумрел, како што тоа се претпоставувало. Опстанокот на подвидот бил загрозен со децении наназад, и тоа највеќе поради лов, а во помала мера и со исчезнување на природното станиште предизвикано од крчење на шумите поради занимавање со земјоделие.
Професорот Џон Етес од Градскиот универзитет во Њујорк и приматолог, кој помогнал во воспоставувањето на напорите за зачувовање на горилите пред повеќе од две децении, бил возбуден поради новите слики. „Извонредно е да се види дека овие горили на овие планини успешно се размножуваат, бидејќи во минатото имаше многу малку слики“, вели професорот.
Исто така додал дека многу малку се знае за тоа што се случува со размножувањето на овој подвид, па така да се видат многу млади животни е позитивен знак.
На горилите не им се заканува изумирање, туки и понатаму се размножуваат, истакнуваат научниците.
Како што наведуваат од Друштвото за заштита на диви животни во изолираното планинско подрачје во Нигерија и Камерун имало само околу 300 Крос Ривер горили.
Активистите сеуште не го знаат точниот број на горили кои во моментов живеат во оваа област и се обидуваат да ги следат.
Околу 50 камери поставени се уште во 2012. година во областите кои ги населуваат овие животни, но овие гориле е многу тешко да се снимат, а нивните млади досега никогаш не се фатени на камерите.
Сојуз на девет локални заедници соработува со Друштвото за заштита на диви животни уште од пред две децении за да помогнат во заштитата на Крос Ривер.
Крос Ривер горилите повторно се откриени во текот на 80-тите години на минатиот век, кога околу 100-тина се забележани во Нигерија, а околу 200 во Камерун.