Насловна / Вести / Во Париз отворена најголемата урбана фарма во Европа

Во Париз отворена најголемата урбана фарма во Европа

Урбаното замјоделство никогаш не ќе може да го замени традиционалното земјоделско производство, но овозможува локално одгледување на култури, ги намалува трошоците за превоз и ја дополнува понудата на овошје и зеленчук. Јагоди, домати, салати, ароматични билки – сето тоа од оваа пролет се одгледува во срцето на Париз, на покривот на новиот павилјон 6 на парискиот саем Parc des Expositions, чија фасада е дело на архитектот Жан Нувел. Здружението Nature Urbaine, одлучило да ги поттикне граѓаните на конзумација на локално одгледувано квалитетно овошје и зеленчук, без користење пестициди и без штетно влијание врз животната средина. Токму на покривот од овој павилјон е сместена најголемата урбана фарма во Европа, која претендира и за насловот „најголема на светот“. Таму, во висечките садови, се одгледуваат домати, а во педантни редови се одгледуваат јагоди и разни салати. Оваа урбана фарма е посебна бидеји не содржи ниту грам земја. Сите потребни хранливи материи се испорачуваат низ системот за наводнување, кој е компјутерски управуван. Исто така, не се користат никакви хемикалии, односно пестидици.

farm1

farm2

farm3

Еден коментар

  1. Doreana Hristova

    Тоа е вистински погодок! Браво! C’est une vraie réussite! Bravo!

Испрати коментар

Scroll To Top