Ако ова лето не сме во можност да отидеме на брегот на Медитеранот, можеме градината да ја оплемениме со неговите мириси и засадиме лаванда.
Лавандата внесува слаткаст, јак и препознатлив мирис на Медитеранот во градината. Зимзелено растение, кое на исто место може да биде и до 20 години, доколку се засади во соодветни услови. Цвета два пати годишно од јуни до август.
Лавандата сака директно сонце, ако га нема доволно, самото растеније ќе ви покаже дали сте го насадиле на вистинското место. Доколку е неопходно да ја пресадите, најпрво изрежете ги цветовите.
Лавандата е пожелно да се сади во градина, а со своите мириси ги брка мравките и вошките. Важно е да ја сочуваме од касни пролетни мразеви. Секоја година треба се кастри за третина, на есен или пролет, како би го задржала убавиот топчест изглед.
Лавандата се полива кога е земјата сува, што е особено важно ако се одгледува во саксија, бидејќи не трпи собирање на вода.
Лавандата е растение кое не изискува многу и поради тоа се препорачува на градинари кои немаат многу време да се грижат за цвеќињата. Земјата каде ќе се засади треба да биде водопропусна за да може лавандата добро да напредува, а за да се прихрани доволно е да се додаде малку компост. Треба да се обрне внимание на формирање на крошната, што се прави во текот на првата и втората година. Треба да се искастри на околу 10 до 15 сантиметри за да добие форма. Истото треба да се направи и наредната година за да нејзината формата биде фина и компактна.
Старите Грци ја користеле за лечење несоница и проблеми со варењето, а Римјаните од неа правеле лосиони и миризливи купки. Лавандата можеме и да ја сушиме и да правиме миризливи букети и перничиња, бидејќи исушениот цвет на лаванда е мирисен подеднакво како и свежиот. Исушена лаванда спакувана во перничиња и ставена во ормарите меѓу гардеробата е одлична заштита од молци.
Постојат повеќе од 40 видови лаванда. Најчесто се користи права, широколисна (грчка), шпанска и лавандин, кој настанал со укрстување на права и широколисна лаванда.
Покрај виолетова, лавандата може да биде и бела боја.