Насловна / Вести / Пожари во Амазонија, најголемо ниво за еден месец за 13 години

Пожари во Амазонија, најголемо ниво за еден месец за 13 години

Пожарите во бразилската прашума Амазонија во месец јуни се зголемени за 20 отсто – што е најголемо ниво за еден месец за 13 години, покажуваат владините податоци.

Со таков пораст на почетокот на сушната сезона, постои опасност дека овогодинешните пожари би мижеле да ја надминат катастрофата од 2019. година.

2_resize

Активистите велат дека пандемијата со корона вирусот го влошува проблемот. Тие веруваат дека контролата на нелегалното сечење на шумите во овие услови ќе биде помала.

Многу шумски пожари во земјата намерно ги предизвикале оние кои нелегално ги сечат шумите, како и земјоделците кои сакаат побрзо да ги исчистат полињата.

5_resize

Бразил е втора земја со најголем број смртни случаи од корона вирусот, по САД, а постои загриженост дека зголемениот чад би можел да има штетно влијание на дишењето на пациентите заразени со вирусот.

Во јуни Националниот институт за вселенски истражувања (INPE) со сателитски снимки забележал 2.248 пожари, за разлика од 1.880 пожари, колку имало во јуни 2019. година, пишува Би-Би-Си.

1_resize

Овој број најчесто се зголемува во текот на јули, август и септември.

„Не можеме да дозволиме да се повтори ситуацијата од 2019. година“, изјавил Маурицио Војводиќ, извршен директор на невладината организација Светски фонд за заштита на природата во Бразил, за листот Folha de Sao Paulo, обвинувајќи ја владата за неактивност.

Минатогодишните пожари врвот го достигнаа во август со 30.901 пожар – што е три пати повеќе во однос на истиот период предходната година.

4_resize

Пожарите во 2019. година предизвикаа протести во земјата и на меѓународно ниво, со финансиски закани на странските влади и осуда на еколошката политика на претседателот Жаир Болсонаро. Претседателот беше критикуван за намалувањето на финансирањето на Министерството за заштита на животната средина и за поттикнување на бизнисот на штета на зачувувањето на природата.

Меѓутоа, претседателот ги отфрли критиките од странство.

„Одредени земји, наместо да помогнат… се однесуваа нечесно и во колонијалистички дух“, изјави тој во септември, велејќи дека е заблуда дека Амазон е белите дробови на светот.

Амазон – кој опфаќа повеќе јужноамерикански земји, но 60 отсто е во Бразил – е витална залиха на јаглерод диоксид што го забавува темпото на глобалното затоплување.

Амазон е дом на околу три милиони видови растенија и животни, како и околу еден милион домородци.

3_resize

Минатата година, Би-Би-Си објави дека во Амазон исчезнуваат секоја минута шуми со големина на фудбалско игралиште, како што е прикажано на сателитските податоци.

Научниците велат дека би можеле да бидеме блиску до „преодната точката“, а тоа е моментот кога природата целосно ќе се промени.

Ова ќе се случи кога вкупното уништување на шумите ќе достигне помеѓу 20 и 25 отсто – што би можело да се случи во наредните 20 или 30 години.

Испрати коментар

Scroll To Top