Насловна / Вести / Аеродромите во Скопје и Охрид и официјално отворени за летови

Аеродромите во Скопје и Охрид и официјално отворени за летови

Од денеска меѓународниот аеродром во Скопје и аеродромот во Охрид и официјално се отворени за летови по тримесечен прекин поради пандемијата од Ковид – 19.

Аеродромите се отворени според протоколот од Комисијата за заразни болести од каде велат дека е според светските стандарди.

Заштитните маски и дезинфекција на рацете ќе бидат задолжителни, а термалните камери ќе ја проверуваат телесната температура. Сомнителните ќе бидат спроведени во просторија за изолација.

аер1_resize

Патниците се обврзани да бидат на аеродромите три часа пред летот, а ограничено ќе биде и користењето на чекалните.

Во авионите нема ограничување на местата за седење, патниците мора да носат заштитни маски за времетраење на летот, а кабините на авионите се опремени со специјални хепа филтри.

тав2_resize

Патниците ќе мора да ги почитуваат принципите на држење дистанца, носење маски и дезинфекција на рацете, а патниците кои ќе пристигнат во земјава немаат обврска да имаат тестови за корона вирусот ниту да бидат во карантин.

аер_resize

Првиот лет од скопскиот аеродром е за Бремен, а се очекува да слета авион на „Туркиш ерлајнс“ од Истанбул. Првите летови од охридскиот аеродром ќе бидат за и од Цирих и Милано.

тав_resize

Испрати коментар

Scroll To Top