Наменета за младо семејство од Германија, оваа необична куќа е составена од две скалести структури кои се завиткуваат едни околу други и формираат тераса на покривот со луксузна градина за цвеќиња и зеленчук.
Дизајнот на куќата, за која е одговорно архитектонското студио Пенда, е инспирирано од симболите на јин и јанг – кинеската филозофија според која спротивставените сили се обединуваат за да создадат избалансирана и посилна целина.
Куќата, според тоа, е поделена на два дела што се вртат и го одредуваат не само изгледот на покривот, туку и просторијата во куќата.
Куќата „јин јанг“ е дизајнирана да биде самостојна и да функционира „надвор од мрежата“. Сопствениците сакаа сами да произведуваат поголем дел од храната, во нивниот дом, и токму затоа архитектите го претворија покривот во скалеста структура со вградени садови во кои ќе се одгледува зеленчук, билки и овошје.
За разлика од традиционалниот покрив, скалестата градина на куќата „Јин Јанг“ се спушта кон својот центар, потсетувајќи на долина опкружена со планински падини од двете страни. Станарите можат да пристапат кон градината директно од дворот или од првиот кат на куќата.
Дождовницата што тече по покривот ќе се собира во резервоар и ќе се користи за наводнување на градината. Како што се менуваат сезоните, така ќе бидат и растенијата и на тој начин влијаат врз целокупниот изглед на куќата.
Неговата внатрешност од 75 квадратни метри е светла благодарение на големите прозорци од подот до таванот. Екстериерот, како и голем дел од ентериерот, е украсен со дрвени панели за да ја направи куќата во хармонија со околната природа и градина што е можно повеќе.