Град Скопје наскоро ќе почне да ги отстранува две од трите галии во реката Вардар и тоа таа кај хотелот „Холидеј Ин“ и онаа кај МЕПСО. Причината за ова, како што наведува порталот Сакам да кажам (СДК.мк), е неплаќањето кирија веќе четири месеци.
По налог на градоначалникот Петре Шилегов, кој се уште е на домашно лекување поради тоа што беше позитивен на КОВИД-19, Град Скопје го има раскинато договорот со фирмата „Сервис АД“ за бродот „Среќа“, а во март годинава истото се случи и со фирмата „Фаланга Херонеа ДООЕЛ“ која беше сопственик на бродот кај МЕПСО.
Во март Шилегов му даде 30 дена рок на сопственикот на бродот кај МЕПСО за да го отстрани, но тоа не се случи и по четири месеци.
Објаснувањето од град Скопје за тоа зошто досега тие како градска власт не го направиле отстранувањето е затоа што до денес важеше владината уредба за запирање на примената на Законот за извршување.
Линк до оригиналната објава: