Предимензионирани лижавчиња во форма на лампи и интересен влезен дел, го прават овој ресторан во Даблин, место со многу имагинација.
„Cinnamon“, како што се вика ресторанот, пред да биде трансформиран од страна на бирото за ентериери, Kingston Lafferty Design, бил простор без карактер, а сега е се друго освен тоа. Просторот претставува своевидна прослава на разиграност и хумор, иснпириран од надреални уметнички дела и јарки, психоделични ентериери.
„Сакавме да создадеме еден имагинарен и сонлив свет, каде што формите изгледаат како да лебдат внатре и ништо не е баш како што изгледа“, вели една од основачите на бирото, Roisin Lafferty за Dezeen.
Кујната на ресторанот е сместена на нивото на мезанинот во задниот дел, оставајќи драматичен трпезариски простор со дупла висина во влезниот дел. Со плафон висок четири метри, дизајнерското биро сакало посетителите да се почувствуваат како кукли – минијатурно.
Тоа е дополнително акцентирано со бројни други детали. Од едната страна на просторот се наоѓа гломазен сервисен шанк, каде се припремаат и превземаат нарачки за носење – неговата заоблена база е облечена во минт зелени плочки, додека горниот дел е направен од смарагден мермер. Позади шанкот се наоѓа ништо, украсено со пастелно обоени орнаменти, додека на спротивната страна се наоѓа голема сала украсена со тиркизно син тапацир. Малку понатаму, се наоѓа ѕид декориран со големи, тркалезни дискови, кои треба да асоцираат на големи копчиња.
Кружната форма исто така добила свое ехо во делови на подот и гломазни бели лампи, кои асоцираат на големи лижавчиња. Заедничка маса опкружена со темно црвени столици поставена е спроти централниот дел, а покриена е со глазирани плочки. Во близина се сместени серија интимни простори за седење, сместени под кујната на мезанинот.
Амбиент како овој, со многу фантазија, повикува на уживање во убавата страна на животот.