Владата на Германија одлучила да забрани продажба на пластични сламки за еднократна употреба, стапчиња и садови за храна.
Берлин со тоа ја спроведува директивата на Европската унија за намалување на количините на пластичен отпад кој ја загадува животната средина.
Владата се согласила од 3. јули идната, 2021. година, да престане со продажба на пластика, вклучувајќи прибор за јадење за еднократна употреба, стапчиња за мешање пијалоци, држачи за балони, како и шолји и кутии од полистирен.
Министерката за заштита на животната средина, Свења Шулце, вели дека тоа е дел од напорот сите да се одвикнат од „културата на фрлање“.
Околу 20 отсто од ѓубрето во парковите и на другите јавни места го сочинува пластиката за еднократна употреба, воглавном од полистирен.
Потребни се децении за да се распадне пластика, но таа се претвора во микроскопски ситни честици, кои се пронајдени во телата на риби, птици и останати животни.
Полистиренот е еден од најмногу користените пластични материјали. Годишно се произведува во неколку милијарди килограми, а многу се користи за змбалажа за пакување, шишиња, капаци и прибор за јадење за еднократна употреба.