Конзорциумот составен од шест глобални инвеститори и Националната нафтена компанија на Абу Даби (ADNOC), склучија договор вреден 20,7 милијарди УСД. Договорот предвидува вложување на конзорциумот во вредност од 10,1 милијарди УСД во стекнување на удел од 49% во новоформираната подружница „ADNOC гасоводи“, со стекнување на право на закуп на 38 гасоводи. ADNOC ќе има мнозински удел во новоформираното претпријатие од 51% и ќе ја задржи сопственоста над гасоводите. Исто така, ќе биде одговорен за стопанисувањето, и ќе биде надлежен за капиталните расходи.
Ова е најголема инвестиција во енергетската инфраструктура во регионот на Персискиот залив, и најголема во светот во 2020 година, стои во соопштението на компанијата ADNOC.