Насловна / Вести / Во Јапонија велосипедистите ќе плаќаат казна ако со ѕвонење ги вознемируваат останатите

Во Јапонија велосипедистите ќе плаќаат казна ако со ѕвонење ги вознемируваат останатите

Во Јапонија, како и во многи други земји се повеќе се користи велосипед, превозно сретство кое, особено во тек на панденијата, стана многу популарно. Меѓутоа, властите во Јапонија одлучиле да ја засилат казнената политика кон несовесните велосипедисти.

1_resize

Владата во вторникот го одобрила стапувањето на сила на неодамна ревидираниот Закона за сообраќај со кој се заострени прописите за велосипедистите.

Законот ќе стапи на сила на 30. јуни, а во него ќе се најдат нови прописи врзани и за невнимателните возачи на автомобили. Според новите прописи, помеѓу останатото се забранува ѕвонење кое ги вознемирува останатите велосипедисти, непотребно кочење и блокирање на велосипедските патеки, кои во Токио се познати по својата безбедност.

11

Велосипедистите стари 14 и повеќе години, обавезно ќе треба да посетуваат курс за безбедност во сообраќајот, доколку два пати во текот на годината ги прекршат правилата. Доколку не го запишат курсот, ќе платат казна од 500 евра.

Japanese people stand at a crosswalk waiting for the green traffic light

Агенцијата Кјодо наведува дека минатата година јапонската сообраќајна полиција регистрирала повеќе од 26.000 случаи на опасно однесување на велосипедисти, од кои само 328 поминале курс за безбедност.

Минатата година забележани се 80.000 сообраќајни незгоди во кои учествувале велосипедисти, а смртно страдале 433 од повредените.

Испрати коментар

Scroll To Top