Насловна / Вести / Во Општина Аеродром почнува изградбата на паркот „Бојмија“

Во Општина Аеродром почнува изградбата на паркот „Бојмија“

Од Општина Аеродром соопштуваат: „Во населбата Острово почнува изградбата на паркот „Бојмија“, кој ќе претставува модерен урбан хортикултурно уреден простор со високи естетски карактеристики. Паркот ќе биде лоциран во непосредна близина на училиштето „Браќа Миладиновци“, а ќе се протега на површина од 5 500 м2.

Во рамките на овој простор се предвидени пешачки патеки со павер-елементи, детско игралиште, терен за мал фудбал, простор за рекреација со фитнес-справи на отворено, нова урбана опрема, клупи, канти за отпадоци, чешма за пиење вода и фонтана“.

Паркот ќе го гради фирмата „Изградба – комерц“ ДООЕЛ експорт-импорт Скопје, а вредноста на дооговорот со вклучен ДДВ изнесува 2.866.994 денари или околу 485.000 евра.

Кој е проектант на проектот, нема податоци. Во продолжение на лоши 3Д ренедери, кои не покажуваат многу и може да бидат било каде, можете да видите како би требало да изгледа паркот.

1_resize 2_resize 3_resize 4_resize

Еден коментар

Испрати коментар

Scroll To Top