Италијанската компанија Glass Design, соработувала повеќе пати со индустрискиот дизајнер Карим Рашид.
Мијалникот Lap Plus е последен резултат на нивната заедничка работа. Претставува мијалник со специјален визуелен ефект, кој всушност е елегантен и функционален додаток на секоја бања.
Мијалникот е дизајниран со концентрични кругови кои се развиваат во форма на елипса со што креираат илузија на просторност и длабочина. Мијалниците се во монохроматска комбинација на бела и црна боја.
Lap Plus мијалникот е креиран од Vetrofreddo, иновативен материјал создаден од компанијата Glass Design, а кој се состои од стаклени пигменти и смола. Постољето на мијалникот е креирано од нерѓосувачки челик, а обоено е во мат црна нијанса. Во понудата се и прилагодливи ногарки и држач за пешкири со интегрирана полоца.
Како што вели Карим рашид: „Овој мијалник е исклучително функционален, благодарение на својата голема и издигната површина, која го спречува преливањето на водата. Линиите кои го красат само придонесуваат на неговата форма“.
Мијалникот Lap Plus, наскоро ќе биде достапен за купување, кога и ќе се дознае неговата цена.