Насловна / Вести / Европски пари за најголемата француска „офшор“ електрана

Европски пари за најголемата француска „офшор“ електрана

Европската инвестициска банка (ЕИБ) одобри кредит од 450 милиони евра за изградба на најголемата француска „офшор“ ветерна електрана. Постројката има инсталирана моќност од 497 MW, а вкупната вредност на инвестицијата е 2 милијарди евра. Планираната локација е во Нормандија, а инвеститор е конзорциумот составен од EDF Renouvelables, Enbridge и WPD. Електраната ќе се состои од 71 ветрогенератор и би требало да биде изградена до 2023 година. Ќе произведува електрична енергија за покривање на потрошувачката на 770.000 француски домаќинства и ќе овозможи отворање на 100 нови работни места. Станува збор за проект кој во целост се вклопува во т.н „Јункеров план“.

eoliene2

eoliene3

eoliene1

Испрати коментар

Scroll To Top