Компанијата Tesla направи добра надградба на својот модел Tesla S, со што му овозможи да има домет од 402 милји (647километри) со едно полнење. Илон Маск и претходно годинава уверуваше дека овој модел веќе има достигнато домет од 400 милји и рече дека EPA направила грешка при тестирањето на новиот модел Model S Long Range Plus. Но, минатата недела EPA повторното тестирање потврди дека S Long Range Plus електричното возило достигнало домет од 402 милји, што е подобрување од 20% споредено со Model S 100D кој има ист дизајн на батеријата. Со ова е демонстрирана посветеноста кон енергетската ефикасност. Тимот на Tesla изјавил дека “неколку промени во суштинскиот хардвер и архитектурата на системот развиени од страна на тимовите за проектирање, дизајн и производство, овозможиле подолг и поефикасен домет“. Овие промени меѓу останатото вклучуваат: значително намалување на масата, нови пневматици, максимизирање на регенеративното сопирање и континуирано инвестирање во суперполнење.