Австриското архитектонско биро Marte.Marte Architects го презентираше проектот за реконструкција на зградата во која е роден Адолф Хитлер, во местото Браунау, недалеку од Салцбург, која ќе биде претворена во полициска станица.
Откако државата Австрија во 2017. година ја купи оваа зграда, организирала конкурс на кој победило решението на поменатото биро. Бирото понудило решение кое е драстична промена на зданието од 17. век. Идејата била да се направи попрочистена верзија на оригиналната зграда, како што за Dezeen вели Стефан Марте, основач на бирото, „со минималистички архитектонски јазик“.
Објектот е направен на почетокот на 18. век. Споени се две куќи за да се направи ресторан, а над него имало апартмани. Во 1889. година во оваа куќа е роден Хитлер, а семејството набрзо се преселило на друга локација. Потоа Хитлер ја основал Националсоцијалистичка германска работничка партија и останатото е историја. Станал канцелар, а потоа и диктатор која ја повел земјата во Втората светска војна. Неговата војна за територии и прочистување на расата предизвикала смрт на околу 60 милиони луѓе.
Моменталната форма на зградата е резултат на бројни измени и доградби за време на нацистичкиот режим во Австрија, кој ја претворил во момеријален споменик на Хитлер.
Австриската влада донела одлука да не ја руши куќата, туку да ја претвори во полициска станица како симболичен гест.
„Денес отвараме ново поглавија во соочување со нашата историја и одговорност“, изјавил министерот за полиција Karl Nehammer за време на претставувањето на решението на бирото Marte.Marte Architects.
„По 140 години од рѓањето на Адолф Хитлер, неговата родна куќа во Браунау ќе стане антитеза на се она за што тој се залагал. Тоа ќе биде место каде ќе се брани демократијата и човековите права“, додал министерот.
Решението на бирото Marte.Marte Architects подразбира градба во постоечката структура, но ќе претрпи големи промени.
„Промените кои ги направија нацистите, нема да бидат само преобразени, туку часовникот ќе се врати во 1750. година, многу пред Хитлер да биде роден“, вели Стефан Марте.
Новата зграда ќе биде современа, со чисти линии и нема да биде украсена, како што е случај се традиционалните куќи во тој крај. „Куќата ќе биде како скулптура, како да е исклесана во бел камен“, додава Марте.