Насловна / Архитектура / Вилата Jesolo Lido на плажа во Италија

Вилата Jesolo Lido на плажа во Италија

Вилата Jesolo Lido се наоѓа во истоимениот италијански град, сместена е на плажа и замислена како еднокатен павилјон. Инвеститори се два брата кои имале ретка прилика да најдат локација покрај плажата и направиле куќа поделена на два еднакви дела каде можат независно да уживаат двете фамилии.

4_resize

Проектант на вилата е архитектонското биро ЈМ Architecture, кои на тесна локација ја поделиле куќата на два еднакви дела и два стана со идентичен распоред, кои се и идентично наместени.

5_resize

Мисијата била да се преградат внатрешните делови на објектот со што секоја половина ќе има своја приватност, но на отворено на семејствата им е овозможено да го поминуваат времето заедно.

7_resize

На јужниот дел од имотот на страната на плажата, 16-метарскиот базен е поставен на централната оска на куќата – го проширува концептот на независност на надворешните места. На северната страна на парцелата е дворот со бел чакал и е засенчен од постојните дрвја и од секоја страна има четири места за автомобили, оставајќи го централниот дел отворен за да се стигне до пространите главни скали кои се искачуваа по пејзажот.

3_resize 2_resize

Надземниот дел на вилата во форма на павилјон е организирана околу централниот ѕид на и се наоѓа помеѓу двете бели правоаголни платформи на подната плоча и покривот. За визуелно да се проши големината на двете дневни соби, стаклена обвивка опкружува две страни на просторите, со лизгачки стаклени врати од јужната страна поврзувајќи ги предните покриени тераси со затворениот простор. Северната фасада е потполно непроѕирна за да се овозможи звучна изолираност од велзот во дворот и улицата.

8_resize

До подрумот се пристапува по скали од влезната тераса на север и содржи велнес со теретана, сауна, џакузи и базен со ладна вода, голема дополнителна кујна, перална и простории за гости. Големите надворешни поплочани делови од двете страни на нивото на подрумот и обложени се со плочки со мозаик од бело стакло за да рефлектираат што повеќе светлина, даваат приватен надворешен простор на сите простори во подрумот.

11_resize

Од три страни имотот е опкружен со жива ограда во иста висина на вилата за да овозможи приватност од соседните парцели, додека страната кон плажата е со пониска вегетација, покрај стаклена ограда и врата од која се излегува директно на плажата.

1_resize 12_resize 6_resize 9_resize

Испрати коментар

Scroll To Top