Насловна / Вести / За исполнување на целите на Парискиот договор, неопходни се уште 3.000GW во обновливи извори до 2030 година

За исполнување на целите на Парискиот договор, неопходни се уште 3.000GW во обновливи извори до 2030 година

Резултатите од едно неодамнешно истражување, откриваат дека обновливите извори на енергија (ОИЕ) се повеќе од било кога ценовно конкурентни на фосилните енергенти. Тоа создава прилика, „чистата“ енергија да стане јадрото на пакетите за економско опоравување од актуелната криза, што на земјите ќе им овозможи остварување на целите на Парискиот договор. Публикацијата за глобалните трендови во секторот на ОИЕ, направена е во соработка со Програмата на Обединетите Нации за животна средина (УНЕП), и се занимава со анализа на инвестициите во текот на минатата година , но и со енергетските обврски на одделните влади и корпорации во наредната деценија. Со цел да се задржи глобалниот пораст на температурите на ниво под два степени, капацитетите за производство нa енергија од обновливи извори на светско ниво би требало до 2030 година да се зголемат за 3.000 GW.

Благодарение на напредокот на технологијата, електричната енергија од соларните централи во првата половина на 2019 година, била за 83% поефтина отколку десет години претходно. Со оглед на падот на цените, „чистата“ енергија полека го превзема приматот на енергетските пазари. Во 2019 година, дури 78% од новите изградени енергетски капацитети биле базирани на енергијата од ветерот, сонцето, биомасата и отпадот, како и геотермалната енергија, Притоа, во „зелените“ електрани се вложени три пати повеќе инвестиции, отколку во електрани на фосилни горива.

oie1

Испрати коментар

Scroll To Top