Германија планира да одобри програма вредна 500 милиони евра со цел да го спречи запирањето на обуките на работното место за младите работници вработени ширум земјата. Според прелиминарниот документ целта на програмата е да се спречи кризата предизвикана од корона вирусот да се претвори во криза на професионалната иднина на младите, но и во поглед на обезбедување квалификувана работна сила.
Помеѓу останатото, планот подразбира бонуси за обука во износ до 3.000 евра, кои ќе бидат доделувани во мали и средни компании кои се тешко погодени од кризата. Со цел да ги ублажи тешките економски последици од пандемијата, германската влада веќе одобри два пакети на субвенции со вкупна вредност од 880 милијарди евра.