Швајцарската компанија Vitra ја лансираше својата фотелја Citizen, која има подвижно седиште поради поголема удобност при седењето.
Дизајнот на оваа фотелја го потпишува германскиот дизајнер Константин Грчиќ. Фотелјата се состои од седиште фиксирано со три челични кабли, кои овозможуваат пријатно лулање и наслон прицврстен за челична рамка.
Динамичното искуство на седењето дополнително е збогатено со интересно спуштен ефект на рамката. Citizen фотелјата карактеризирана е со цевкаст рам, кој ја дефинира нејзината структура и форма на што придонесува и седиштето кое како да лебди над базата.
Седиштето и наслонот се тапацирани, а рамката е оставена видлива. Citizen е достапна со висок и нисок наслон за грбот (Citizen Highback и Citizen Lowback), а во понудата се различни опции на тапацирање, вклучувајќи широк асортиман на ткаенина и кожа.
Citizen Highback
Citizen Lowback
Оваа фотелја е дел на Vitra Home колекцијата за есенската сезона, а нејзината цена сеуште е непозната.
Константин Грчиќ се школувал за производство на дрвен мебел на школата The John Makepeace School for Craftsmen пред да студира дизајн на Кралскиот факултет за уметност во Лондон. Основал своја канцеларија во Минхен во 1991. година, а денес неговата фирма Konstantin Grcic Design е со седиште во Берлин.
Канцеларијата е активна во неколку области, од проекти за индустриски дизајн, изложбен дизајн и архитектонска соработка. Неговата работа ја карактеризира внимателно истражување на историјата на уметност, дизајн и архитектура и страст кон технологиите и материјалите.
Константин Грчиќ
Многу производи на Грчиќ добиле меѓународни награди за дизајн, а неговата работа може да се најде во сталните колекции на значајни музеи како МоМА во Њујорк и Центарот Жорж Помпиду во Париз.