Швајцарската влада одлучила сите функционери на федерално ниво во иднина задолжително да патуваат со воз наместо со авион. Како што се истакнува во соопштението за јавноста, ваквата одлука е во согласност со намерата до 2030 година да се намали емисијата ан јаглерод диоксид за 30%, и да се инсистира на користење на „зелена“ енергија. Во истото соопштение вклучен е и попис на градовите во кои од 1-ви јули сите федерални функционери ќе мораат да патуваат со воз, а меѓу останатите станува збор за Париз, Фиренца, Лајпциг и Салцбург.