Овој објект за одмор проектиран од Coates Design Seattle Architects е „net-zero“ дом сместен во прекрасното одморалиште Suncadia Resort на Каскадските Планини во државата Вашингтон. Зимскиот центар, кој се наоѓа на сончевата страна на Каскадите, е домаќин на интимна заедница која ужива во богата и разновидна содржина. Членовите на оваа заедница имаат лесен пристап на се во одмаралиштето, уживаат во сопственото ексклузивно засолниште на 2.600 хектари со игралиште за голф Tom Doak, оценето како едно од најдобрите во земјата, патеки, паркинзи, опсежни социјални програми и голема клуб куќа.
Куќата комбинира одржлива, модерна архитектура со обновени рустични материјали. Инвеститорите Ed и Joanne Ellis соработувале со бирото Coates Design Architects кое со својот модерен и одржлив дизајнерски сензибилитет ја создало оваа куќа во непипнатата природа и прексрасната заедница Tumble Creek во Suncadia Resort. Овој дом е наменет да биде и наследство за нивното пошироко семејство.
Екстремните временски услови го предизвикале проектантскиот тим да создаде удобно опкружување, без употреба на традиционални грејни и разладни системи кои трошат енергија. Тимот го позиционирал објектот на начин за да ги искористи пасивните соларни стратегии и создаде изобилство на кос кров за подршка на 10 PVh соларен панел. Овој систем е проектиран да ја обезбеди целата електрична енергија потребна за куќата, а проектиран е и да вклучува Tesla Powerwall. Powerwall ја складира дополнителната електрична енергија и ја одржува функционалноста за време на прекинување на напојувањето со електрична енергија, како и станицата за полнење на возила за електричните автомобили на сопствениците.
Влезното предворје е простор кој заштедува енергија и создава елегантен влез во главниот простор за живеење. Оваа самостојна просторија има двојна функција, како специјално место за добредојде на посетителите и воздушна брана за да ги задржи елементите од надвор. Ладните зимски ветрови и жештините во летните месеци се задржуваат со ова едноставно решение. Големите кровни конзоли користат пасивни соларни стратегии, спречувајќи го летното сонце, а истовремено повикувајќи го зимското. Овие широки конзоли го наткриваат надворешниот простор, кој го изискува климата и формираат настрешници надвор и пријатни места за престој на отворено.
Плафоните во главниот дневен и трпезариски простор, потпрени се со видливи конструктивни елементи од челик и дрво, а прозорите од под до плафон пружаат прекрасен поглед на пејзажот.
Голем бетонски елемент од кој е формиран каминот, предизвикува внимание како централна точка на главниот дневен боравок. Оваа цврста маса, заедно со бетонскиот под, служи и како топлотен ладилник за да се одржи стабилна и пријатна температурата внатре. За сместување на семејството има два апартмана со спални соби. На катот има одвоени спални соби и простор за рекреација и уште еден апартман. Гаражата е за два автомобила со станица за полнење електрични возила, остава и вински подрум.