Насловна / Вести / Најновиот британски рекорд: два месеци без употреба на јаглен

Најновиот британски рекорд: два месеци без употреба на јаглен

Според најавата на британскиот дистрибутер на електрична енергија National Grid, Велика Британија денес одбележува два месеци производство на електрична енергија без употреба на енергија од јаглен. Поточно, го одбележа најдолгиот период без употреба на енергија од јаглен од 1880-тите години: новиот рекорд е 61 ден или 1.464 часа!

Britanija
Велика Британија за прв пат користеше јаглен за производство на електрична енергија во 1880 година, но 140 години подоцна, благодарение на намалената потрошувачка на електрична енергија како резултат на пандемијата COVID-19, последните четири електрани на јаглен беа затворени на 9 април. Падот на потрошувачката на енергија, предизвикан од намалената побарувачка од економијата и домаќинствата, заедно со многу сончева светлина во мај, овозможи да се потпреме на сончевата енергија и на другите обновливи извори на енергија, како што е ветерот.
Претходниот рекорд беше поставен во јуни 2019 година и беше 18 дена, шест часа и 10 минути. Сепак, овие бројки важат само за Велика Британија – Англија, Велс и Шкотска, бидејќи National Grid не ја опфаќа Северна Ирска.
Ниските цени на електрична енергија предизвикани од намалената индустриска побарувачка, како резултат на мерките за борба против пандемијата COVID-19, како и даноците на емисиите на СО2, го направија лансирањето на електрани на јаглен целосно непрофитабилно. Фактот дека Велика Британија веќе два месеци произведува електрична енергија без употреба на фосилни горива, ја потврдува драматичната трансформација на британската енергија. Пред само десет години, околу 40 отсто од електричната енергија потекнуваше од јаглен, додека сонцето и ветрот обезбедија помалку од три проценти од потрошувачката на електрична енергија.
Велика Британија се надева дека ќе ги затвори преостанатите електрани на јаглен до 2024 година, како дел од напорите да се постигне целта на владата со нулта емисија до 2050 година. Во споредба со електроцентралите со гас, електраните со јаглен испуштаат скоро двојно повеќе јаглерод диоксид – клучна причина за глобалното затоплување.

Испрати коментар

Scroll To Top