Одржливоста стана главен фактор во производството на облека за плажа, а додека еко-модниот тренд се повеќе ја зафаќа целата индустрија, многу брендови се свртуваат кон производство на еколошки костими за капење.
“Наместо преработка на предиво, употребата на еконил неодамна стана тренд. Се добива со рециклирање на отпадоци од ткаенина, риболовни мрежи и индустриска пластика“, вели Мајкл Спитзбарт, член на Здружението на германски дизајнери на мода и текстил (VDMD).
Тој додава дека станува збор за сто проценти рециклирано најлонско влакно што може да се рециклира на неодредено време.
Многу марки ги прават своите производи од пластика што се наоѓа во океаните и морињата, како и од исфрлените мрежи за риболов и други наутички материјали.
“Отпадот, претежно рециклирани мрежи за риболов, се топат и се претвораат во предиво“, објаснува германскиот стручњак.
Заштитата на животната средина стана исклучително важна во светот на модата, потврдува Даниела Вилхелмс од германската компанија за поштенски нарачки Баур.
Дури и модниот гигант Адидас ја призна потребата да се подигне свеста за животната средина и се здружи со организацијата „Parley for the Oceans“ да создадат патики од пластиката од океаните и морињата.
Тие се направени со цел да се подобрат спортските перформанси на секој што вежба и во исто време да придонесе за зачувување на планетата, пишува Н1.