До крајот на август, Софија ќе ја добие третата линија на својот метро систем на соообраќај. Работите интензивно се одвиваат, а еден километар од оваа нова линија чини 40 милиони евра. На оваа линија ќе сообраќаат возови на Siemens. Во тек е тестирање на изведените сегменти од новата линија, која ќе биде долга 12 километри и ќе има 12 станици. Ова сообраќајно решение ќе елиминира 90.000 тони емисии на јаглерод диоксид на годишно ниво, и значително ќе придонесе за подобрување на квалитетот на воздухот во градот.
Првата метро линија (црвена) во Софија е пуштена во 1998 и има должина од 28 километри. Втората линија (сина) е завршена во 2012 со должина од 12 километри.