Насловна / Вести / Alfa Romeo подготвува мал електричен SUV за 2022 година

Alfa Romeo подготвува мал електричен SUV за 2022 година

Италијанската компанија  Alfa Romeo работи на своето прво електрично возило, кое ќе се појави во 2022 година. Станува збор за мал  SUV, со цел унапредување на продажбата на италијанскиот премиум бренд. Електричниот компактен SUV ќе биде со големина слична на Audi Q2, а неговата улога ќе биде клучна во „оживување“ на продажбата на пазарот на кој ограничувањата во поглед на емисиите стануваат се построги. Alfa Romeo во моментот не нуди електричен погон, но од почетокот на следната година ќе понуди SUV со средна големина под името  Tonale, со plug-in хибриден погон. Уште во 2018 година, италијанскиот производител на автомобили, ги најави плановите за автомобилите  8C  и GTV во облик на  Giuliа coupe. Сепак, до крајот на минатата година, стратегијата се базираше само на четири главни модели.  Откако ќе заврши производството на семејниот модел  Giulietta оваа година, Alfa ќе ги продава само моделите  Giulia и Stelvio. Tonale ќе стигне на пазарот во 2021, а потоа и малиот електричен  SUV во 2022 година. Компанијата ќе се потпре на два мали SUV автомобили за остварување на својата цел, а тоа е продажба на 400.000 автомобили годишно.

suv1

suv2

suv3

Испрати коментар

Scroll To Top