Енергетската компанија Vattenfall ќе ја гради најголемата светска ветерна електрана на море, во Холандија. Под името Hollandse Kust Zuid, и со инстлирана моќност од i 1.500 MW, оваа електрана ќе започне со производство во 2023. година. Ветерниот парк ќе има 140 турбини со поединечна моќност од 11 MW.
„Проектот Hollandse Kust Zuid ја нагласува нашата посветеност кон обезбедување на електрична енергија од обновливи извори. Дополнително, одлуката за оваа инвестиција покажува дека нашата одлучност да и обезбедиме енергија на идната генерација без фосилни горива, не е намалена поради пандемијата“ објаснил за медиумите извршниот директор на Vattenfall, Магнус Хол.