Шведската дизајнерка Mathilda Clahr креирала оригинални закачалки кои освојуваат со својот дизајн и практичност. Направени од кожа во црна, кафеава и други неутрални бои, овие закачалки може да се постават каде било и да се користат во разни намери.
Можат да се сместат во ходник како закачалки за јакни и палта и за други модни додатоци како марами или ремени, а можат да се стават и над бирото за да служат како држачи на списанија или други материјали. Визуелно одлично функционираат доколку се поставени и вклопени во еден минималистички уреден ентериер.