Американскиот институт на архитекти (The American Institute of Architects – AIA), Националната организација на малцински архитекти (NOMA), Национални фонд за историска заштита се огласија со изјави за расната неправда и солидарност по смртта на Џорџ Флојд во Миннеаполис, САД.
Изјавите на AIA и NOMA следат по изјавите на Американското здружение на пејзажни архитекти и изјавите на Американското здружение за планирање, чии ставови архитектите во светот ги нарекоа „правда и еднаквост во секоја заедница“.
AIA ја објави изјавата на претседателката Jane Frederick:
„Као Американци, ние сме свесни за темната историја на оваа нација за расната нееднаквост. Згрозени сме од било какви постапки кои дополнително го загрозуваат универзалното почитување и човековото достоинство што сите го заслужуваат. Како архитекти остануваме посветени на унапредување на заштитата на граѓанските права, фер станбена политика и пристапност на изградениот свет за да се постигне посовршено заедништво кон кое сите тежнееме. Факт е дека архитектите и AIA во својата повеќе од 160. годишна историја не секогаш се чувствувале приморани да ги споделуваат нашите перспективи. Но во времето во кое живееме и во кое сме сведоци на ужасни случувања и улогата и одговорноста која ја имаме за секој член на општеството бара да го изнесеме својот став“.
Kimberly Dowdell, претседателката на NOMA во име на организацијата објави на 31. мај:
„Воздухот во нашата нација е густ со длабоко чувство на тага и очај. Нашиот колективен воздух е толку густ што буквално тешко се дише. Се бориме за воздух додека сите се бориме и со глобална пандемија во комбинација со смртоносен и широко распространет вирус наречен расизам, кој ја мачи Америка повеќе од четири века.
Како Национална организација на малцински архитекти (NOMA) ги повикуваме нашите членови и пошироката професионална заедница да го осудат расизмот и да превземеме активна улога во елиминацијата на расната пристрасност, која претставува бројни социјални, економски и здравствени разлики и што е најстрашно од се, резултира со губење човечки животи – црни животи. Како архитекти професионално сме одговорни за заштита на здравјето, сигурноста и општото добро на целата јавност. Трагичното убивање црнци од раце заразени со расизам го ограби нашиот народ со генерации.
На денешен ден пред 99 години, расно мотивираното палење на Black Wall Streeta во Тулса, Оклахома, однесе животи на над 300 црни жители кои напредуваа независно во својата заедница. Само оваа недела, нашата нација се бори со бесмисленото убиство на Џорџ Флојд и сите многубројни имиња на црни мажи и жени кои ги изагубија своите животи како резултат на омраза, предизвикана поради бојата на нивната кожа.
Како архитекти, како можеме да го заштитиме здравјето, безбедноста и благосостојбата на граѓаните ако нашата земја соодветно не ги вклучува и црните Американци како полноправни членови на нашето општество? Црните Американците и другите луѓе со различна боја подложени се на неправда и нееднаквост премногу долго. NOMA е основана во Детроит од дванаесет црни архитекти во 1971. година во време на една од најпредизвикувачките епохи во американската историја. Родена од Движењето за граѓански права, NOMA беше формирана со цел да се минимизира ефектот на расизмот врз нашата професија. Денес, NOMA мора да побара повеќе. Како организација, ние мора да бидеме повеќе.
Во тек на пет децениското постоење на NOMA, сведоци сме на навидум бесконечните трагедии извршени против црните Американци и луѓето што претставуваат други заедници во боја. По внимателно разгледување, NOMA утврди дека овој момент е зрел за да заземеме далеку посилен став. Ние се залагавме за правда низ целата своја историја и сега е време јасно да артикулираме што е најважно за нас“.