Архитектите во Берлин дизајнирале игралиште каде децата можат да играат безбедно и без страв да бидат заразени од вирусот што во моментот го разори светот. Мартин Биндер и Клаудио Римел излегоа со идеја да дизајнираат простор што во исто време ги штити посетителите од потенцијални инфекции, но исто така овозможува забавна интеракција меѓу нив. Игралиштето наречено „Rimbin“ се состои од група на индивидуални области за играње поставени во облици што личат на кринови што изгледа како да лебдат над зелена површина.
Овие области за игра се всушност платформи со индивидуални патеки кои водат до посебни влезови, од кои децата можат да ги видат своите пријатели од безбедно растојание и да комуницираат со нив преку шупливи цевки. Платформите за игри можат да содржат различни типови содржини во форма на разни активности и игри, така што некои имаат песок, додека други имаат лулашки, спирални скалила и слично. Елементите од кои се изработуваат деловите, како што се рачките и цевките, се изработени од метал за да можат лесно да се дезинфицираат, а исто така се предлага да се инсталираат уреди со средства за чистење. Зафатеноста на секој „крин“ може да се види на влезот на лулашките.
И покрај фактот дека терените за играње се отворија во повеќето земји, ситуацијата сè уште не е опуштена и родителите се загрижени доколку нивните деца остваруваат контакт со други непознати деца. Забраната на децата да комуницираат на отворено не е решението, како што рекоа архитектите, затоа тие дизајнирале игралиште кое ќе им даде социјален и физички стимул потребен за физички и ментален развој и за учење важни социјални вештини.
За подобро да ги разберат потребите на родителите и на нивните деца, Биндер и Римел воделе телефонски разговори со возрасни и деца, кои ги опишале нивните секојдневни животи за време на изолацијата. Било јасно дека на децата им треба поголема физичка активност со пријателите надвор. Покрај тоа, тие истражувале биолошки форми и природни материјали. Соодветно на тоа, тие го направиле дизајнот во форма на лист од амазонскиот воден крин, за кој е познато дека може да издржи голема тежина.
Името на игралиштето „Rimbin“ потекнува од два посебни збора и тоа „rim“ што значи обрач и bin што значи оградено место, така што овој термин го опишува концептот на одделни области за игра. Исто така, може да се поврзе со првите слогови на презимињата Биндер и Римел.
Игралиштето се планира да се користи и за време и по пандемијата на вируси во урбаните области.