Насловна / Архитектура / Станбена кула од која се издигнува зеленило

Станбена кула од која се издигнува зеленило

Идејата Сингапур да стане „градинарски град“ датира со децении, и може да се каже дека конечно со проекти почнала да се постигнува таа цел. Покрај проекти како што се „Kampung Admiralty“ – комплекс од пензионерски села и хотел „Oasia“ со уникатна фасада, предвидена е и изградба на станбена кула висока 104,5 метри со балкони покриени со зеленило.

zgrada2

Во рамките на тоа, ќе има 20 луксузни апартмани, односно ќе има по еден на секој кат. Инспирацијата за кулата наречена „Еден“, која ќе се наоѓа во населбата Сингапур на патот Орчард, потекнува од природниот пејзаж на Сингапур. Кулата се карактеризира со конкретни форми во кои се втиснуваат контурите на високи згради и околината. Бојата е внимателно избрана и комбинирани се над 100 нијанси на темноцрвена, виолетова и кафена боја, по што е тестирано под сонцето за да се најде најсоодветната.

zgrada1
Студиото Heatherwick ја има дизајнирано оваа станбена кула за која вели дека целта е да се создаде нешто уникатно со повеќе приватен простор и чувство на припадност кон местото, и во кое бетонот како градежен материјал им помогнал. Бетонот, исто така, придонел за блокирање на топол воздух со својата масивност, што доведува до природно одржување на оптималната температура. Наместо рамна бетонска фасада, креативноста оживеала материјал на кој му се дадени тактичност и текстура и создадено е нешто што не може да се види никаде во светот.

zgrada
Внатрешноста располага со голем влез, обложен со црн гранит и 18 метри лоби со висечки „лустери од живи растенија“. Овде се задржуваат несовршености, како што се природни обрасци во варовник и видливи траги на рачно изработени дрвени подови.

zgrada3
За елементите во становите, користени се врвни материјали, како дрво – дабова кујна и влез од орев. Секој апартман е заштитен со балкон и има големи прозорци што се отвораат од три страни за да се овозможи вкрстена вентилација. Застаклувањето е направено со цел да се намали сончевата топлина.
Ова не е прв проект на студиото Heatherwick кој вклучува зеленило. Последните што се откриваат се „1000 Trees“, „Little Island“ и „Toranomon-Azabudai district“ .

zgrada4

Испрати коментар

Scroll To Top