Зелениот снег на Антарктикот е настанат со цветање на алгите, а веројатно тоа ќе се шири како што се зголемуваат температурите, што е последица на климатските промени, велат истражувачите откако ја направиле првата мапа на тие организми и нивното движење.
Сателитските податоци, собрани во периодот меѓу 2017 и 2019 година, во комбинација со мерењата од терен направени во текот на две лета на Антарктикот, им овозможиле на научниците да ги мапираат микроскопските алги додека цветаат над снегот.
“Високите температури би можеле да им овозможат повеќе услови погодни за живот на алгите, на кои им треба влажен снег“, велат научниците за Си-Ен-Ен.
Како што се наведува во студијата објавена во „Nature communication“ зелената снежна алга е микроскопска ако се мери поединечно, но кога организмите истовремено растат снегот постанува зелен и може да се воочи дури од Вселената, велат истражувачите.
Плочите од снежни зелени алги може да се најдат по должината на Антарктикот, обично во „топлите“ предели каде просечните температури во текот на летните месеци на јужната хемисфера од ноември до февруари се нешто над нула степени Целзиусови.
Според истражувачите Антарктикот е дел од регионот кој доживеа најбрзо загревање во втората половина на минатиот век.
Во февруари се забележани необични високи температури додека деветодневниот толпотен бран го запали северниот врв на континентот на почетокот на оваа година.