Кафеаната на Балканот е незаобиколива општествена институција. Поради коронавирусот кафе-баровите, рестораните и кафеаните беа затворени од 14. март. Ова е најдолг период на неработење на угостителските објекти во нашата земја.
Од четвртокот угостителските објекти повторно служат гости според посебен владин протокол и ова е еден од клучните испити во нормализирањето на секојдневниот живот среде пандемијата на коронавирусот.
Угостителските објекти не работат на начин на кој сме навикнати, туку според посебен владин протокол. Работно време е од осум до 22 часот и на една маса можат да седат најмногу две лица, односно четири ако се од исто семејство. На споени маси се дозволени максимум 12 лица.
Растојанието меѓу масите мора да изнесува 1,5-2 метра во сите правци, за вработените е задолжително да носат заштитна маска, а локалите треба да почитуваат строги санитарно-хигиенски мерки и редовно да се дезинфицираат.
„Кафеаната е единствен израз на нашиот јавен живот“, велел Бранислав Нушиќ, писател, комедиограф, основач и директор на театарот во Скопје.
Како изгледа „јавниот живот“ во скопските угостителски објекти среде пандемија на вирусот.
Фото: КИРО ПОПОВ