Насловна / Вести / Српското електростопанство користи вештачка интелигенција во прогнозата на потрошувачката

Српското електростопанство користи вештачка интелигенција во прогнозата на потрошувачката

Српското електростопанство (ЕПС – Електропривреда Србије), во процесот на прогнозирање на потрошувачката на електрична енергија воведе технологии на машинско учење и вештачка интелигенција, со цел да ги намали загубите во производството и дистрибуцијата. Во соопштението кое го издала компанијата, се вели дека „со попрецизната прогноза, производството, снабдувањето, и трговијата со електрична енергија во Србија ќе бидат поефикасни, односно со оптимални трошоци.“

Пред воведувањето на ова ново решение, инженерите во Секторот за диспечерско планирање и управување со производството, анализирале голем број податоци за потрошувачката во претходниот период, како и метеоролошки податоци, во сложен процес кој бил подложен на многу неизвесности и непрецизности. Според зборовите на извршниот директор на компанијата, секоја девијација носи дополнителни трошоци, имајќи предвид дека ЕПС учествува на балансниот пазар на часовно ниво, а по воведувањето на новата технологија, грешките во прогнозите кои варирале во опсег од 5 до 15%, сега се сведени на 1,7%.  Врз основа на ова подобрување, се очекуваат годишни заштеди од околу 600.000 евра годишно.

eps2

DISPECARSKA SALA EMS-A

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top