Насловна / Вести / Зелен ѕид направен од рециклирани плочки за природно ладење

Зелен ѕид направен од рециклирани плочки за природно ладење

Индиската архитектонска компанија Manoj Patel Design Studio дизајнираше зелен ѕид од повторно користени глинени плочки. Користени се глинени плочки на креативен начин, од каде што е направено нешто како „вертикална плантажа“ што служи за одржување на пријатна температура, наместо систем за климатизација.

zid
Ваквите креативни насади направени од глинени плочки се најпогодни за места со топла клима, бидејќи глинената површина апсорбира вода од растенија, а кога воздухот доаѓа во допир со површината, тој ослободува ладен воздух во просторот и со тоа обезбедува чувство на природна околина. Употребата на глинени плочки со цел создавање на насади во помали области и нивна трансформација за да се поврзе со природата, обезбедува релаксирачка околина.

zid1
Проектот наречен „Ridge Clay Roof Tile Plantation“ промовира употреба на локални производи од глина, поради фактот што во последно време се повеќе се користат пластични и метални садови, но и да се користат повторно користените плочки.
Овој необичен зелен ѕид е поставен на надворешната страна на терасата на станбена единица во градот Вадодара, која се наоѓа во државата Гуџарат во Индија. Ова е област со исклучително топла клима и температурите се движат околу 38 степен Целзиусов, но честопати ја надминуваат и таа. Целта на поставување на овој ѕид на оваа локација е да се промовира природно ладење, да се поттикне локалното производство и да се донесе допир на природата во урбаната средина. До ѕидот, на терасата има вештачки тревник.

zid2
Произведени од локални занаетчии, глинените плочки во облик на V се модифицирани со додавање на мали бразди за да се поврзат. Плочките се прицврстени на ѕидот со помош на цемент и наредени во цик-цак шема. „Џебовите“ создадени од две плочки во облик на V, поставени едни над други, се користени за да се држат растенија и ламби, но тие можат да бидат затворени и да бидат во форма на полица на која може да се постават различни типови на предмети.

zid3

Испрати коментар

Scroll To Top