Куќата позната под името „Neils House”, проектирана 1949. година од големиот Френк Лојд Рајт е на продажба. Оваа одлична архитектура може да биде ваша доколку сте спреми да платите 2.75 милиони долари.
Сместена на брегот на езерото Cedar во Минеаполис, оваа вила била сопственост на Henry J. Neils и неговата сопруга Frieda.
Neils бил дистрибутер на камен и архитектонски материјали и куќата е реализирана со негова тесна соработка со Рајт.
Како што велел самиот Рајт, оваа куќа може да послужи како добар пример на гостопримлив, убав дом, кој содржи класични елементи од периодот по Втората светска војна. Куќата на еден кат е сместена на имот од половина хектар. Основата е во форма на буквата L, располага со доминантна дневна соба и социјално и просторно раздвојување во „активни“ и „тивки“ области. Пократката страна на L се состои од „активниот“ дел, каде е сместена дневната соба со висина 5.2 метри и поглед на езерото. „Тивкиот“ дел е долгата страна која завршува со настрешница за три автомобили, тука се сместени спалните соби, како и галерија која води кон скриениот главен влез.
Куќата е од камен, а за разлика од дрвените прозори кои Рајт ги користел, овие се од алуминумски профили изработени од компанијата на Neils.