Бидејќи контроверзниот филм „Планета на луѓе”, кој е симнат од Јутјуб, Мајкл Мур прочуениот документарист и Џеф Гибс го критикувале блудниот начин на цензура.
Филмот за кој претходно пишувавме е посветен на моменталната состојба на планетата и животната средина, но и на критика на еколошкото движење, кое според мислење на авторот на филмот тргнало по погрешен пат. Најновиот документарен филм „Планета на луѓе”, чиј продуцент е Мајкл Мур, а режисер Џеф Гибс, тргнат е од „Јутјуб”, иако беше бесплатен. Проблем се авторските права на кадрите кои траат четири секунди, а се прикажани во филмот.
Спорни се аргументите за зелени извори на енергија, енергијата на ветер и соларната енергија, кои се неодржливи.
Филмот имаше околу осум милиони прегледи.
„Овој обид на тргање на нашиот филм и спречување на јавноста да го види е гаден чин на цензура од страна на политичките критичари на планетата. Ова е и злоупотреба на законите за авторски права за гасење на филмот, кој отвори озбилна тема за разговор за тоа, како делови од еколошкото движење се договориле со Вол Стрит и таканаречените ‘зелени капиталисти'”, истакнува Мур.
„Апсолутно нема кршење на авторски права во мојот филм. Ова е само уште еден обид на противниците на филмот да го одземат правота на слобода на говор. Преговараме со Јутјуб, за да го решиме проблемот”, вели Гибс.
Мајкл Мур е познат по својата работа со која разоткрива бројни глобални трендови, а Гибс бил копродуцент на уште некои филмови на овој документарист.
Филмот на Јутјуб беше поставен на Денот на планетата земја и беше еден месец бесплатен за гледање.