Централно сместена во иранската престолнина Техеран, најистакнат аспект на џамијата Vali-e-Asr е фактот дека не личи на џамија. Проектирана од иранските архитекти Реза Данешмир и Кетрин Спиридоноф од Fluid Motion Architects, зградата ја избегнува стереотипната типологија на големи куполи и високи минариња во корист на скромна хоризонталност, правејќи ја така џамијата хармонично да коегзистираат со околните згради и соседниот парк.
Органски издигнувајќи се од нивото на улицата кон Мека, во повеќеслојна конфигурација на конкавни и конвексни ленти кои создаваат спектакуларен ентериер, нежниот наклон на џамијата и овозможува на зградата не само да стане дел од јавниот простор, туку да го направи и попривлечен, подобрувајќи го и чувството на духовност.
Издигнувајќи се од уличното ниво до висината на соседниот Градски театар, џамијата е органски испреплетена со јавниот простор. „Се обидовме да создадеме интеракција помеѓу џамијата, која има културна суштина и Градскиот театар“, објаснуваат архитектите. „Сакавме да го направиме културен проект што ќе биде во склад со околината“. За да го сторат тоа, тие погледнале низ времето, пронаоѓајќи инспирација во Куба џамијата од 7. век во Медина, Саудиска Арабија, која датира од животот на пророкот Мухамед и се смета за прва џамија во исламот.
Дизајнот на косиот покрив на џамијата заснован е на комплексна геометрија на ребрести сводови и пресечни лакови по име Карбанди, кои биле развиени во Персија за изградба на куполни простори. Вклучени во дизајнот на покривот, низата на процепи обезбедува сончева светлина, проток на воздух и природна вентилација и ја подобруваат врската помеѓу ентериерот и надворешноста. Однадвор изгледаат како шкриги на риба, додека внатре создаваат спирално движење кое започнува од влезниот хопдник и се издигнува до салата за молитва, што го зафаќа највисокиот простор во зградата.
Со вкупна површина од 25.000 квадратни метри, џамијата има и серија комунални простори, како што се библиотека, сала за состаноци и училници, како и четири подземни нивоа на паркинг, поврзани преку рампи со блага косина, за да се олесни циркулацијата на постарите, инвалиди и родители со колички.
Соочени со буџетски ограничувања, архитектите примениле едноставна естетска внатрешност заснована на евтин крем мермер за подовите и sидовите на главните простори, како и малтер во бела боја за таваните и столбовите.
Минималистичкиот, потполно бел декор може е резултат на намалување на трошоците, но тој се покажал како идеален, бидејќи и овозможува на архитектурата да заземе централна сцена и со ентериерот да го смирува амбиентот. Бетон е користен за покривот и фасадата на џамијата која одекнала со бојата на Градскиот театар од соседството, гест што дополнително ја зајакнува хармоничната врска меѓу двете згради, како и поттикнувајќи продуктивен дијалог меѓу религијата и културата.