Во Лос Анџелес на Бел Ер има бројни импресибни мега-вили, но неколку се навистина архитектонски значајни.
Позната како Orum House, оваа новизградена вила со површина од речиси 2.000 квадратни метри е дело на архитектот Золтан Пали од архитектонското биро „SPF: rchitects“, со три различни крила и секое има различен правец во однос на централниот дел. Трокатната градба со форма на три-крилна елиса, завиткана е во стакло, што овозможува импресивни погледи на Лос Анџелес.
„Инвеститорите сакаа луксузна куќа, во која ќе можат да приредуваат големи настани и да го угостат своето проширено семејство“, вели Пали за ArchDaily и додава „нашиот одговор беше да ја дистрибуираме програмата низ три ‘ножа’ кој зрачат од централниот чвор и сметам дека и покрај големата квадратура, успеавме да создадеме дом кој е топол и функционален“.
Како целина Orum се издига на два ката над теренот, а третиот кат е вкопан во ридот.
Програмски, резиденцијата е поделена на три нивоа од кои секое се состои од три крила. Во подрумот покрај гаражата, сместени се и професионална кујана и вински подрум за 1.000 шишиња, спа и сауна, како и домашно кино. Во приземјето се сместени влезните и заеднички простори за собирање, додека горниот кат е посветен на приватните простории.
На горните катови се спалните соби, ги има вкупно девет. Во југозападното и југоисточното крило на куќата сместени се главната спална соба во цело крило и мини мастер апартмани од кои се протега поглед на градот и океанот со агол од 270 степени. Спротивно на ова, помали спални соби сместени се во внатрешноста на северното крило и опфатени се со соседните ридови и задната градина, овозможувајќи интимно чувство, слично како во куќа со дрвја.
Надворешниот простор вклучува кујна, две јами за оган и LED-осветлен базен. Целата вода од покривот, балконот и дворот е насочена кон подземен резервоар од 7.000 галони за наводнување на градината. Главната гаража, исто така служи како простор за настани и може целосно да се отвори од двете страни.
Со цена од 55 милиони долари, спектакуларната вила им овозможува на сопствениците константно да уживаат во величенствениот поглед. Кога се временските прилики добри, може да се види и океанот.